Меѓу датум и предвремени избори, најбрзо ќе стигнат редовни избори

Извештајот на Европската комисија не е најпозитивен како што тоа го претставува Владата. Во три или четири поглавја има некаков напредок во однос на лани. Кога се чита политичкиот дел, тој е манипулативен, зашто не се зборува за проблемите со референдумот, не е наведено непочитувањето на волјата на граѓаните, не се наведени проблемите со осумте амнестирани пратеници, за што се знае дека е високо ниво на корупција, а го нема ни политичкиот азил на поранешниот премиер, вели во интервјуто за Пресинг ТВ, Јован Донев, професор и поранешен амбасадор.

„Извештајот е така направен за да се покаже успех во ЕУ и на Хан и Могерини, а затоа сега ги имаме овие проблеми. Јас лично не верувам дека ќе добиеме датум за преговори, зашто не ги исполнуваме условите“, додава тој.

За промената на името, претседателот Макрон јасно кажа дека тоа не е услов, а тоа го кажа и Меркел, односно дека е само еден од условите, но не сакавме да слушаме.

0Заев, Османи, Димитров одат во Берлин, Париз…сакаат да излобираат датум. Какви се шансите од тие маневри?

-Сега е касно. Тие се обидуваат, но не верувам, дека државите не ги носат одлуките преку ноќ и станува збор за национални стратегии кои секој мора да ги применува. Преку ноќ не се лобира.

На прашањето зошто напредокот на Македонија е врзан со Албанија, професорот Донев смета дека се оценува целиот регион, а во конкретниот случај за поврзаноста станува збор за двојни стандарди.

„Но, Албанија не ги исполнува условите, таа нема капацитет да ги почне преговорите. Тезата дека Албанија не ги исполнува критериумите, но Македонија го смени името, па да и дадеме датум. Тоа не проаѓа кај некои членки на ЕУ. Македонија и Албанија се врзани само заради тоа што и двете земји не се спремни да ги почнат преговорите за членство“, смета Донев.

На прашањето – дали првин ќе добиеме датум за преговори или ќе ни се случат предвремени избори, Донев смета дека „најбрзо ќе стигнат редовни избори“.

Најнови видеа