Состојбата во РЕК Битола е катастрофална од поодамна. Со доаѓањето на Васко Ковачевски за директор на ЕСМ проблемите само се множат и за жал не гледаме никаво решение. Тој ветуваше дека многу работи ќе ги направи во РЕК Битола но остана на тие ветувања.

Сега Ковачевски најмново ветува затворање на РЕК Битола а дека вработените ќе се снајдат, открива во интервју за „Република“ поранешниот пратеник Спиро Мавровски, кој е добар познавач на состојбите во Битола.

Во оној момент кога Македонија ќе стане членка на ЕУ тогаш можеме да зборуваме и да знаеме зошто се затвора. Енергетиката е составен дел на една држава и на стопанството. Истапите на премиерот Зоран Заев кој вели дека премногу разбирал во енергетскиот дел. Мислам дека влегува во една игра која апсолутно не ја познава и не води грижа за она што утре нас не очекува.

Ако го немаме енергетскиот дел во државата следи една катастрофална состојба. Електричната енергија исто како нафтата е берзански производ кој утре ќе треба да ја купуваме на европскиот пазар и светскиот пазар-објаснува Мавровски.

Тој вели дека никогаш не би прифатил затворање на РЕК Битола а уште помалку да се брза со таков чекор.

Како пример наведува дека во овој момент РЕК Битола обезбедува 25 проценти од вкупното производство на електрична енергија.
Мавровски предупредува дека ако РЕК Битола продолжи со загубите или ако се затвори може да се очекува ново зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните.

Дефинитивно да. Можеби ќе се запре првиот бран но следно ќе биде зголемување на цената-убеден е Мавровски.

Тој стравува каде ќе се снајдат вработените кога РЕК Битола ќе се затвори бидејќи се работи за способни и обучени луѓе да го одржуваат Комбинатот.

И сега вие да размислувате без пардон сето ова да го затворите само затоа што некој од ЕУ ни рекол-зачуден е Мавровски.