Пре да дојдам до темата – кој ќе го гушне ГТЦ, сакам да споделам со вас слики од нашево урбано страдање, на секојдневни докази дека имаме континуитет на вандализмот. На сељачизмот. Слики кои докажуваат дека како народ или племе веројатно сме на туѓа територија, па воопшто не ни е гајле дали ја уништуваме околината.
ГТЦ повторно стана актуелен со еден проект изваден од фиока со налепница „Генијален“ – проектот се вика како да се освои ГТЦ од горе, од неговиот покрив, со намера таму да се засадат новите бели дробови на Скопје. Каква генијалност?!
Но, сепак некој ќе го гушка ГТЦ, а јас мислам дек најдобар кандидат е господин Амди Бајрам – тој знае како да го направи тоа.
Што се однесува до претседателските избори, на таа тема ќе посветам уште простор понатаму Сега само дека едниот, Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и на уште 30 други партии ќе се бори да стане претседател на Северна Македонија, и Гордана Силјановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на повеќе од 10.000 граѓани и на десетици опозициски партии ќе настојува да стане претседател на Република Македонија.
Нема поголем доказ од моменталната поделеност на Македонците, како и тоа дека Преспанскиот не е тој што ќе не зближи.