Карими: Политиката треба да биде одвоена од цената на нафтата

Иран и Македонија имаат добри дипломатски односи и ние сме една од првите земји кои ја признаа под уставното име. Секако постои можност и за подобрување на соработката, посебно на економски план, вели во интервју за Пресинг ТВ, амбасадорот на Исламската Република Иран, Хусеин Карими.

Амбасадорот нагласува дека разбира дека спорот за името е многу важно прашање за Македонците и оти е важно сите несогласувања да се решат со дијалог. Иран ја почитува волјата на македонските граѓани и дека не сака да се меша во внатрешните работи.

Иако Иран важи за еден од најголемите производители на нафта амбасадорот Карими вели дека не може да се предвиди како ќе се движи цената на светската берза.

Но многу е важно, додава амбасадорот нафтата да не се користи како елемент или фактор за вршење притисок или расчистување на политички сметки помеѓу земјите.

Најнови видеа