0:00
Со лидерот на Либереалната партија Ивон Величковски разговараме за актуелните политички случувања. Кои се опциите за излез од политичката криза по референдумот? Дали е можно 80 пратеници во собранието да го поддржат договорот од Преспа? Дали нешто би смениле предвремените парламентарни избори? Каква ќе биде улогата на меѓународната заедница? Величковски апелира на разум и порачува да не се носат избрзани решенија. Широката влада ја предлага како решение за излез од кризата.