Бидете уверени дека ОБСЕ/ОДИХР спроведува непристрасен мониторинг на целиот процес поврзан со референдумот. Ние не заземаме страна, туку се трудиме да го подобриме процесот, вели норвешкиот дипломат Јан Петерсен во интервјуто за Пресинг ТВ.
Тој, исто така, подвлекува дека ОБСЕ како организација не се занимава со анкети и со цензуси, туку набљудува дали референдумскиот процес, како и кампањата се спроведуваат според законската рамка, односно според стандардите на ОБСЕ и оти своите заклучоци нема да ги објавува до завршувањето на референдумското изјаснување.
Инаку Петерсен додава дека во неговиот бележник влегуваат сите политички изјави и настани, како и таа искажана од премиерот во Крива Паланка на која бараше бизнисмените да ги почестат работниците со екстра плата. А, сето тоа ќе биде објавено на прес-конференција еден ден по референдумот.