Горан Санев: Само српската колекција од Требениште чини 3,5 милиони евра

Можам да откријам дека само српската колекција од предметите откриени во локалитетот Требениште кај Охрид, што ќе дојдат во Скопје, има вредност од околу 3,5 милиони евра, вели во разговорот за Пресинг Тв, директорот на Археолошкиот музеј на Македонија, Горан Санев.

Повод за разговорот со директорот Санев беше штотуку промовираниот каталог-монографија за претстојната изложба „100 години Требениште“, што на почетокот на март ќе биде отворена за посетителите во Скопје. И каталогот и изложбата се заеднички проект на соодветните институции на Македонија, Бугарија и Србија, а за прв пат во историјата на едно место ќе се најдат и петте златни маски.

Одговарајќи на прашањето дали постојат било какви можности новата Република Северна Македонија некогаш да ги поврати златните маски како сопствено културно наследство и богатство, Санев е дециден:

Не. Проблемот на реституцијата  на култuруното наследство секаде во светот се однесува на предмети, што се украдени од една држава. Овдека не станува збор за такво нешто. Од тие причини, таквите постапки не влегуваат во рамките на ратификуваните меѓународни договори за заштита на култuрното наследство.

 

Најнови видеа