0:00
„Собранието ми изгледа како затворена институција и ќе залагам тоа да биде повеќе отворено за граѓаните. Она што тогашната опозиција и пречеше, а тоа е носење на закони по итна постапка и со европско знаменце, денеска сме сведоци дека на секој по карактеристичен закон му се става европско знаменце и се носи без дебата.“
Вака размислува новиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев кој доаѓа на местото на Никола Груевски.
„Треба да се најде причина дека тој закон е усогласување со европската регулатива. Во многу случаи кога ќе се анализираат тие закони тешко се наоѓа каде е тоа усогласување. Тие закони во најголема мера беа злоупотребени од мнозинството во Собранието“, вели во разговор за Пресинг ТВ, Камчев.