Секој граѓанин има право да заземе свој став за прашањето на референдумот. Никој не може да биде повикан на одговорност поради изјаснување за гласање или апстиненција.
Граѓаните на 30 Септември ќе го добијат одговорот на прашањето и дали јас ќе излезам на гласање, вели во интервју за Pressing TV, претседателот на Државната Изборна Комисија, Оливер Деркоски. Според него подготовките за референдумот се одвиваат според планираното.
Деркоски истакнува дека врз него никој не врши притисок, но и дека постои согласност со останатите членови на ДИК, работата да ја вршат професионално. Целта на овој состав на највисокиот изборен орган според претседателот е и да ја релаксира атмосферата во ДИК и да го подобри имиџот кој Комисијата го имаше во минатото.