Анкета: Граѓаните не гледаат фајде од поврат на ДДВ, за најголем дел мерката е популистичка

Граѓаните кои се одважија да го кажат својот став пред камерата на ПресингТВ велат дека не гледаат многу фајде од најавената мерка за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ.

Велат повратот ќе биде тежок, па дури и смешен за оние кои земаат просечна плата.

Мал процент од луѓето во Македонија би го добиле тој поврат и тоа најбогатите. Сите оние кои прават мали суми мислам дека повратот на ДДВ-то би бил смешен“, изјави еден од анкетираните.

Има и граѓани кои се жалат дека ќе биде комплицирано да се занимаваат со скенирање на секоја фискална сметка, а за тоа напомош ќе треба да ги повикаат младите.

Малце е комплицирано за постари, за пензионери, за тие што немаат мобилни или не знаат да ракуваат со нив. Нема да биде баш едноставно“, изјави една од анкетираните.

Друга пак, зад камерата рече дека ќе и биде предизвик да научи да ја користи услугата.

Ајде малку гимнастика на мозокот! Доста вртиме солитер карти пред компјутер, зошто да не научиме нешто ново и корисно“, изјави госпоѓата.

Еден од анкетираните изјави дека веќе ги собира, а пак друг дека тоа ќе го прави само со фискалните сметки на повисоки суми.

Предлог законот за поврат на ДДВ беше усвоен на последната седница на владата и доставен е на усвојување во Собранието. Премиерот Заев рече дека станува збор за еден од најважните проекти од изборната програма и од Програмата за работа на Владата, а целта е враќање на 50 милиони евра кај граѓаните и намалување на сивата економија.

Од Владата очекуваат мерката да започне од 1 јули.

Најнови видеа