0:00
Македонската фудбалска репрезентација на најдобар можен начин ги почна настапите во Лигата на нации, новото репрезентативно натпреварување на УЕФА.
За значењето на успешниот старт во Лигата на нации, но и за потребата да не се препуштиме на еуфорија пред следните предизвици, во интервју за ПресингТв говори селекторот на фудбалската селекција, Игор Ангеловски.
Против Гибралтар и Ерменија, Македонија покажа дека знае да победува и кога не игра добро, што е нов квалитет кој покажува зрелост на репрезентацијата, смета Ангеловски.
Тој го дава и своето мислење за моменталната состојба во којашто се наоѓа ФФМ и пред се за најавената желба на Горан Пандев да застане на чело на Фудбалската федерација.