0:00
Aко во 1991 година огромното мнозинство граѓани знаело што треба да направи, зошто сега, спроти 30 септември, во центарот на вниманието е стравувањето дали воопшто ќе биде исполнет неопходниот цензус за успешен референдум?
Одговор побаравме од Милан Талевски и професор Јове Кекеновски, кои пред 27 години се најдоа во улога на едни од главните организатори на прославата на скопскиот плоштад, одржана доцна вечерта, по објавувањето на референдумските резултати.