Шеесет и девет годишниот Ш.Џ. од скопски Сарај бил ликвидиран во неговиот автомобил „Голф 3“ на влезот од скоското село Рашче. Сараецот патувал кон Рашче, кога на влезот на селото непознати напаѓачи од друго возило пукале кон него, при што го убиле на лице место

Како што соопштија од МВР, извршен е увид од страна на Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.