Холандски државјанин загинал во Битола откако со својот мотоцикл „Дукати Мултистрада“ имал судир со автомобил „Алфа ромео“, по што се здобил со тешки телесни повреди. Холанѓанецот бил веднаш пренесен во Клиничката болница во Битола, но поради сериозноста на повредите, таму починал.

Како што соопштија од полицајата, сообраќајката се случила вчера поладне на на крстосницата од улицата „Билбил камен“ со регионалниот пат Р-2331 Битола-Ниже поле, а во неа учествувале „Алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Б.З. од Ресен и мотоциклот со холандски таблички управуван од 58-годишниот Р.В.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.