Екипи на Противпожарната заштита на град Скопје попладнево е ангажирана на гасење на големиот пожар на дивата депонија во близина на населбата Даме Груев, крај Ѓорче Петров.

Како што неофицијално дознава Пресинг ТВ, запалена е дива депонија. Очевидци на Пожарната и изјавиле дека нјапрвин биле запалени околу 40 камиони со гранки кои биле донесени од касарната во Ѓорче Петров, а огнот потоа зафатил и гуми, пластика и друг отпад.

Станува збор за голем пожар, кој е под контрола, а екипите на ППЗ во моментов на пишување на извештајот, во 18.30 часот, се уште се на терен.

Наскоро се очекува официјално соопштение.