Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на ораторска вечер организирана од унијата на млади сили на партијата.

Навистина е убав настанот кога гледате млади луѓе со сиот нивен жар, потенцијал и младешка непрекор како имаат волја и желба да зборуваат за работите кои се важни за нашата држава, но и за нашето општество. Во тој контекст еден од најголемите оратори Мартин Лутер Кинг има кажано:  „Нашите животи го почнуваат својот крај оној ден кога ќе замолчиме за значајните нешта.“ Денес овде го гледам токму спротивното, желба да се говори и јасна визија за работите како понатаму. Како млади луѓе многу е важно да имате став за работите, да бидете носители на промените кои сакате да ги видите, затоа што ако вие тоа не го направите, нема кој друг да го направи тоа во ваше име. Еден од најдобрите антички римски оратори Цицерон ќе каже – „Да се биде задоволен со тоа што се има е најголемото и најсигурното богатство“, вие имате повеќе од тоа, го имате знаењето, целиот свет пред вас и можност да ги менувате работите. Вашата бунтовност треба да ја насочите кон делотворност, вашата енергија да ја насочите кон тоа да ги менувате работите, а вашата љубов кон нашата земја да креирате општество какво што сакате да видите“, им порача тој на младите.

Мицкоски потсети дека често знае да каже дека неправдата било каде е закана за правдата секаде, и тоа е, рече, верувале или не навистина така.