Сега е неопходно од страна на Македонија да се признаат историските реалности, поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по средбата со Бујар Османи.

-Бугарија не сака ништо повеќе освен да се исполнат клаузулите од Договорот за добрососедство. Каква е клаузулата за јазикот во Договорот, така сакаме да биде во сите документи меѓу двете држави. Немаме никакви нови претензии. Апелирам и се надевам да не се создаваат проблеми таму каде што ги нема, изјавила Захариева.