Многу се надевам дека Република С. Македонија ќе ги добие неопходните уверувања од нас и ќе продолжи по патот за пристапување во ЕУ. Треба да се направат неопходните компромиси како што направија и многу други. Ние сме должни пред сегашните и идните поколенија да сториме се Република Северна Македонија, Албанија и државите од Западен Балкан да не бидат попречувани на патот кон ЕУ, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на средбата со македонскикот министер за надворешни работи, Бујар Османи, пренесуваат бугарските медиуми.

Во рамки на разговорите Борисов посочи дека е вознемирен од внесувањето на ОМО Илинден и македонското малцинство во Бугарија во една од резолуциите на Европаксиот парламент.

-Тоа во никој случај не е од полза токму во овој момент, кога ние бараме компромис и на историчарите и на нашите политички партнери во Република Северна Македонија за да најдеме одговор на прашањето, изјави Борисов.

Тој додаде дека уште од денешната средба треба да започнат разговорите на сите нивоа за да може да има компромисно решение, што ќе ги задоволи сите до 10 ноември, кога Бугарија и Македонија како копретседавачи на Берлинскиот процес ќе раководат со Самитот.

-Имате многу работа, тоа е многу сложен, многу брз и во исто време важен и неопходен процес. Вашите граѓани треба да знаат дека во Бугарија имате и секогаш сте имале најголема поддршка и едноставно треба да направиме историјата да е мостг на пријателство и блискост, а не урнат мост по кој Република Северна Македонија нема да може да помине. Така што тука политички игри не треба да има, изјави Борисов.

Според него, перспективите и моментот се исклујчитгелно важник и би било грев пред историјата ако сегашните политички раководства во Бугарфија и Македонија не успеат да постигнат компромис.

-Нема да не разбере и светот, заклучи Борисов.