Единствениот неврохирург од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, д-р Слободан Дамјановски дал отказ од болницата, а шефицата на Инфективното одделение, д-р Патриција Каламарас е сѐ уште вработена во Болницата, потврди Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Доктор Дамјановски го напуштил Неврохирушкото одделение во ГОБ ‘8 Септември’, по негово барање дал отказ во болницата, по што се вработил во Приватната здравствена установа ‘Систина’“, изјавиле за порталот од кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче.

Оттаму додаваат дека во тек се преговори со Клиниката за неврохирургија за преземање на соодветен кадар како надополнување на неговото работно место.

Што се однесува до д-р Патриција Каламарас, одговорнa за одделението каде од почетокот на коронакризата се носат најтешко болните од ковид-19, за која имаше неколку објави на социјалните мрежи дека си заминала од јавното здравство, од Министерството за здравство велат дека од болницата им потврдиле дека таа е сè уште вработена таму.

На нејзиниот личен Фејсбук профил стои дека таа е „сѐ уште консултант во Аџибадем Систина“ и дека „ќе работи и во двете установи“.

Целата вест прочитајте ја на СДК.МК