По завршувањето на внатрепартиските избори на СДСМ, доцна по полноќ се огласи и поранешниот претседател на партијата, Зоран Заев, кој на Фејсбук му честита на Димитар Ковачевски за изборот за негов наследник.

„Денеска членовите на СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори.
Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех.
Им честитам на сите членови на СДСМ кои гласаа на внатрепартиските избори и со тоа покажаа висока демократска свест и однесување. СДСМ денес гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина. Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство. Да живее СДСМ“, се вели во постот на Заев.