Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на планинските превои Стража и Плетвар, на Попова Шапка, Кула и на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот

Забрана од 7:30 минути е воведена за движење на тешки товарни возила поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.