Претседателот Стево Пенаровски во Сараево во  рамки на Самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Два дена по несекојдневниот поздрав од Пендаровски за Борисов, „љубави“, тие повторно се во центарот на вниманието. Од видеото кое Борисов го споделил на Фејсбук се гледа дека пред почетокот на средбата не било ставено шише со вода само на местото каде седи претседателот Пендаровски.

Тој му се обраќа на Борисов со

Само за мене нема вода а?

На ова Борисов возвраќа

Има бе како да нема.

Потоа шефот на кабинет на Пендаровски му додава вода на претседателот.