За граѓаните од Албанска етничка припадност во државјанствата на македонски јазик да гласи „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“, на албански јазик да биде „еMaqedonise Veriore“ и на англиски јазик „macedonian/citizen of Republc of North Macedonia“.

Ова е последниот предлот на Беса како услов да гласаат за уставните измени согласно Договорот од Преспа.

Кастриот Реџепи, потпретседател на Беса потврдува дека за овој предлог се разговара помеѓу работните групи и дека не гледаат причина зошто не би бил прифатен.

Ова ќе се однесува за документите на Албанците што се двојазични. За документите на македонски јазик нема никаква промена ниту пак штета дури во двојазичните документи делот на македонски јазик нема да се менува-објаснува Реџепи за Пресинг ТВ.

Токму двата гласа на Беса се пресудни дали ќе се обезбедат 80 пратеници за изгласување на уставните измени. Дали ова ќе биде прифатливо ќе се знае на утрешната седница која почнува во 12 часот.