Кинескиот претседател Си Џинпинг  го угости неговиот руски колега Владимир Путин во резиденцијата Жонгнанхаи во Пекинг на неформална средба зад затворени врати.
Двајцата прошетаа во парк и пиеја традиционален кинески чај.

Интересно е тоа што Путин пиеше чај од шолја што му ја послужија наместо од термос што секаде го носи, што доволно говори за довербата меѓу двајцата лидери.