Вработените во затворот „Шутка“ не се согласуваат со барањето на премиерот Зоран Заев директорот на установата, Ѓоко Котевски, да поднесе оставка. Котевски најави дека го прифаќа барањето и дека одлучил да ја поднесе оставката, по што вработените изготвиле и потпишуваат петиција за директорот да остане на функцијата, објавува „ТВ21“.

Котевски најави дека ќе ја даде оставката по завршувањето на истрагата околу нападот врз екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.