Кривичниот суд донесе одлука да ја прифати жалбата на Миле Јанакиески за одреденито притвор во истажниот затвор „Скопје“, и таа ја мерка ја заменува со одредување мерка куќен притвор. Во истовреме, судот ја одбил жалбата на Спиро Ристовски и тој ќе остане во затворот во Шуто Оризари.

По произнесување на странките, како и ценење на фактите и доказите приложени во жалбите и решенијата на судија на претходна постапка, Советот донесе решенија со кои жалбата на обвинетиот М.Ј. се уважува, а решението на судија на претходна постапка се преиначува со тоа што спрема обвинетиот се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена. Поради постоење на причините од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП се забранува на обвинетиот комуникација со лицата опфатени во кривично правниот настан без дозвола од судот. Жалбата на обвинетиот С.Р. се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка – соопшти Основниот суд – Скопје 1.

Јанакиески и Ристовски, заедно со поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, вечерта на 20 февруари средата беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април. Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет, додека на Јанакиески и Ристовски им беше одреден 30-дневен притвор.

Со истото обвинение се осомничени и Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, поранешниот вработен во УБК, Никола Бошковски од УБК, кој се наоѓа во Грција, како и Владимир Атанасовски, ексдиректор во УБК, кој од поодамна е осомничен како организатор на случувањата на 27 април и се наоѓа во притвор во затворот во Шутка.