Вработен во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денеска на работното место со нож нападнал колешка, објави Нетпрес.

Од МВР го потврдиле случајот.

На 09.01.2019 во 14.48 час. Ш.Т. пријавила дека во канцеларија на ул.„Македонија“ на Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги нејзиниот колега Н. З. почнал вербално да и се заканува, а потоа и се заканувал и со нож. Полициски службеници излегле на местото на настанот. По целосно документирање на случајот против Н.З. ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.