Југот на Македонија живее со снежна покривка од петнаесеттина сантиметри снег. Снегот направи најмогу проблеми во Струмица, Валандово и во Гевгелија. Неколку часови во прекин беше правецот од Гевгелија кон Валандово поради верижен судир.

Во текот на денот постојано се чистеше и граничниот премин Богородица каде што беше намален влезот и излезот на возила поради лошото време и во Северна Грција.