Масовен обид за поткуп се случува денеска во Прилеп. Како што откриваат жители од неколку населби во градот, една од партиите која учествува на изборите во текот на целиот ден, па и вечерва посетуваат домови на  фамилии на социјално загрозени за во пријателски разговор ги прашаат какви проблеми имаат.

Дел од нив отриваат дека им е нудена социјална помош па дури и вработување на еден член од семејсвото.

Активисти на оваа партија денеска кружеле и низ населбата Тризла каде претежно живее ромско население. На жителите и се нуделе пари, помош во прехрамбени производи, па дури и поништување на долговите кои ги имаат за вода и струја.

Исто така во  изборните штабови на оваа партија и вечерва е живо па во нив може да се забележат кандидатите за градоначалници и за советници како слободно влегуваат и излегуваат и се договораат со нивните активисти.