Жртвите од трагедијата што се случи со македонскиот автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија, се од Скопје, Струмица, Битола и Велес, јавува БТВ.

Како што јавува бугарската телевизија екскурзијата била организирана од тие градови, а во среда е објавен ден на жалост во овие градови во чест на жртвите.

Во несреќата во којашто изгоре автобусот загинаа 45 лица, а други седум успеаа да се спасат. Во изгорениот автобус имало 52 патници, а од нив 12 се деца под 18 години.