Македонската фирма „Маврово“ ја градела делницата на автопатот „Струма“ на која се случи трагедијата во која изгоре автобус на „Беса турс“, а животот го загубија 46 лица, пишуваат „24 часа“.

Уште пред 15 години беше јасно дека тој дел од делницата е со лош квалитет поради тротоарите и меките заштитни огради. Одразот на светлината на нив, т.н.мачкини очи, не реагираат на светлата од фаровите, па затоа е тешка и ориентацијата на кривините. Завоите се со обратен пад и се собира вода. Затоа и оваа „магистрала“ не е сертифицирана како таква. На неа ограничувањето на брзината е 120 километри на час.

Уште пред 15 години возачите го предупредуваа тогашниот министер за транспорт Петар Мутафчиев дека патот е опасен и оти е прашање на време кога ќе се случи голем инцидент.