Владата на Заев и СДСМ не вложи ниту денар во здравството во државата. Заев и Филипче создадоа невиден хаос во здравствениот систем. Власта наместо да реагира да се спречи корона вирусот тие си тераат ПР пропаганда, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ ги намали за 62 отсто средствата за капитални инвестиции во јавното здравство. Недостатокот на инфраструктура во здравството е последица на намалените средства за инвестиции. Додека здравствениот систем крахира, власта фрла трошки од ребалансот на Буџетот. Со тие пари кои ги предвидува власта не помагаат на здравството. Време е Венко Филипче да се врати во реалноста и да си даде оставка. Граѓаните не треба да страдаат поради неспособноста на Филипче – велат од партијата.
Comments are closed for this post.