Oпoзициcкaтa ВМРО ДПМНЕ обвинува за нова матна зделка за oдpжувањето на фонтаните во Град Скопје. Од партијата велат дека Петре Шилегов преку ЈП Водовод и канализација на  сметка на фирмата Хидротек ДООЕЛ Скопје ќе префрли 580.000 евра за одржување и набавка на резервни делови, за кои претхоно властите тврделе дека се украдени.

„Власта тврдеше дека од фонтаните се украдени делови од 60.000 евра, но сега сумата која се наплаќа за одржување и резервни делови е десеткратно поголема. Колкава е вистинската штета која е причинета и дали штетата е само изговор да се реализира милионски бизнис, прашуваат од партијата.

Членот на ИК на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов побара градоначалникот Шилегов да оговори колку го чини градот украдената опрема од фонтаните и кој ќе ја плати и дали зад кражбата стоел бизнис интерес за склучување на над половина милионски договор за одржување на фонтаните.

Од партијата порачаа дека расипништво мора да запре, а граѓаните мора да знаат каде заминува секој денар.