Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од општина Аеродром денеска на прес-конференција информираше дека градоначалникот Златко Марин и советниците на СДСМ со коалицијата, на вчерашната седница на советот, одлучиле да гласаат воздржано, односно да не ја поддржат точка за прогласување на мораториум на градби во општината.
Во изјава за медиумите, советникот Петар Миовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека неиздржани се лагите на Марин и СДСМ дека нема законски основ за мораториум на градбите во Аеродром.
Вчера по предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на дневен ред на седница на Советот на општина Аеродром беше точката за мораториум на постапките за издавање на одобренија за градење на објекти на градежни парцели кои се во границите на ДУП-от кај „Мајчин дом” и во Стар Аеродром, како и запирање на сите постапки за изградба на објекти за кои е издадено правосилно одобрение за градење во границите на овие детални урбанистички планови, се до извршување на ревизија од страна на стручните служби на општина Аеродром.
Заклучокот од седницата е дека се чека одлуката на Уставниот суд и дека преговорите со инвеститорот продолжуваат.
Comments are closed for this post.