Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на 12 февруари, откако претходно од  партијата рекоа дека нема да дозволат одложување на изборите.

Пратеничката група се реши на ваков чекор бидејќи покрај исполнетоста на сите услови деновиве гледаме како лидерот на СДСМ Зоран Заев деновиве излегува со нови услови со носење на закони од само него познати причини и  кои само за него се услови за избори. СДСМ за 3 години направи штета на националните и државните интереси и штети на секојдневниот живот на граѓаните. Македонија никогаш не била поподелена и тоа мора да запре. Доведени сме до поттчинетост поради прифатени недостоинствени предлози, нема реформи во образованието, инвазија на иселување, лошо здравство, загрозување на животната средина и прекршување на уставот. Граѓаните на 12 април треба да одлучат по кој пат треба да тргне државата – рече Мицевски.