Убиецот на Жељко Ражнатовиќ Аркан конечно ќе дојде во Србија да ја отлужи казната. Тој се крие во Јужна Африка но тамошните власти конечно се согласија тој да биде испорачан и таму да ја отлужи казната. Доброслав Гавриќ во отсуство е осуден на 35 години затвор.

Сопругатата на Аркан, Цеца вели дека правдата е спора но достижна и оти се надева оти тој ќе скапе во затвор.

Фала Богу конечно ќе плати за злоделото кое го стори.Божјата правда е да робија во земјата во која го стори злоделото и о која избега како последна кукавица. Се надевам дека до крајот на живото ќе трули во затвор и ќе има доволно време да се соочи со своите недела-се отвори Цеца.