Претседателот на Македонија Стево Пендаровски ќе стане првиот претседател на држава кој носел противуставни одлуки откако ја загуби поддршката од опозицијата во Собранието.

Пратеникот Антонио Милошоски во име на ВМРО-ДПМНЕ пред малку во Собранието објави дека опозицијата нема да гласа за потврдување на 5 укази за прогласување на вонредна состојба од страна на Пендаровски.

Милошоски наведе три причини за ваквата одлука: прво, лоши резултати во битката со Ковид19, второ, влошени економски состојби кои беа причина за воведување вонредна состојба и трето, злоупотреби на вонредната состојба за правење поткуп и носење на закони кои не смеело да се носат како тие за марихуана, будење дијаманти и други.

Одговор за тоа што ќе се случи сега во врска со можната уставна криза Милошоски сугерира да се бара од владата, Пендаровски и Уставниот суд