„Секој нормален и чесен Македонец е разочаран заради продажбата на националните интереси и губењето на името, идентитетот, историјата и културата за кои со векови се бореле нашите предци. Само криминалниот картел на чело со Зоран Заев се гордее и слави дека ја преименувал сопствената земја, Република Македонија. Костадин Костадинов е дел од екипата на аболицираниот криминалец Зоран Заев која без срам и перде ја погази демократијата, која со уцени и закани се пазареше со националните и државните интереси, која ја погази народната волја и го промени уставот и уставното име“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната изјава на Костадинов.

Од опозициската партија додаваат дека оваа одлука за која и самиот Костадинов гласаше го менува името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата.

„Тоа што Костадинов се радува на оваа негова одлука само говори за нивната зебеганост и отуѓеност од народот.Оваа власт нема никаква врска со европските вредности, а уште помалку има капацитет да донесе економски просперитет. Тие единствено што знаат е да делат евро за Вицето, тендер за Анѓушев, да ја вработат мајката на Костадинов во државни институции, да ги вработат синовите и ќерките за дебели хонорари“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.