„Македонија заврте нова, светла страница на иднината, на стабилноста, сигурноста и економскиот напредок. Со имплементација на Договорот од Преспа и државничката одлука на мнозинството пратеници за уставни измени, отворени се перспективите, во финална фаза се процесите до членството во НАТО и ЕУ“, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој вели дека Македонија станува 30 земја членка на НАТО Алијансата оваа година. По започнувањето на скрининг процесот, во оваа 2019 година потенцира тој се очекува и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

„Годините изолација, неизвестност и уназадување се зад нас. Македонија денес засилено граби кон интеграција во двата најмоќни светски сојузи, НАТО и ЕУ. 2019 година, освен година на интеграција, ќе биде и година на економски раст и повеќе пари кај граѓаните“, вели Костадинов.

За оваа година, како што истакна тој  предвидено е уште едно зголемување на минималната плата.