ВМРО-ДПМНЕ го осудува нецелосното интонирање на химната и изоставување на македонските херои кои таа ги содржи.

Се чини дека изведбата на химната од страна на Тамара беше начин да се удоволи на погрешните политики на Зоран Заев креирани во изминатиот период на сметка на државните и национални интереси, а овој пат на сметка на македонско-американското пријателство кое е од стратешко значење за долгорочниот развој на нашата држава. Ова е неприфатливо, и е пример што може да се произведе кога премиерот си поигрува со нашата историја, националните чувства и идентитетските обележја. Добро е што Тамара се извини, но тоа што е за вистинска осуда е атмосферата креирана од Владата и премиерот кои на подолг период и на срамен начин ги доведуваат во прашање сите идентитетски обележја. Со оваа влада станавме општество во кое на дневна основа се доведуваат во прашање најсветите чувства на македонскито народ“, реагира најголемата опозициска парија.