ОЈО мора да реагира и покрај огромниот притисок од криминалната власт на чело со аболицираниот Заев, се наведува во деношното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се вели дека „криминалната банда на чело со аболицираниот Заев ја зароби Република Македонија и како заложник ги држи нејзините граѓани. Криминалните тендери и грантови, се главна одлика на оваа криминална влада“.

„Криминалните тендери и грантови, партиските и непотистичките вработувања се валутата со која Зоран Заев тргува за да остане на власт, на штета на граѓаните.

Само последен во низата е корупциски скандали е оној  на со тендерот за набавка на радарска опрема за потребите на М-НАВ. На граѓаните од денот кога свиркачи го разоктрија овој скандал им одекнуваат зборовите на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски ,,Leonardo will win“. ОЈО мора да реагира и покрај огромниот притисок од криминалната власт на чело со аболицираниот Заев“, се истакнува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека е очигледно оти криминалната влада ги кочи реформите во државата и дека со оваа власт нема да има ниту „П“ од правдата која ја ветуваше Заев.

„Не важи повеќе понудата на ВМРО-ДПМНЕ за помош на Владата за наше побрзо интегрирање во Европската Унија со оглед на криминалот и корупцијата во кој е заплеткана оваа власт. ВМРО-ДПМНЕ само ќе лобира за добивање датум за преговори час поскоро во интерес на граѓаните“, се наведува во соопштението.