ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите парламентарни партии, да ги поддржат предлог измените на Законот за средно образование, кои ги доставивме до Собранието, а се со цел да им се помогне на матурантите, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Матурантите изминатата година се соочија со големи проблеми, како неодржување на настава и скратени часови, во времетраење од 30 минути, сето тоа доведе до помал број на часови на настава и поголеми тешкотии на учениците за совладување на материјата.Со цел да им се помогне тие да продолжат со своето образование без дополнителни стресови, ние сметаме дека нивните барања да полагаат два предмети матура се оправдани, додават од партијата.

Обединетото Кралство, Ирска, Франција и Белгија, веќе го применија овој модел за намалување на бројот на предмети кои матурантите ќе ги полагаат, стои во соопштението.

Бараме од сите партии, особено од власта да ги поддржи овие законски измени, бидејќи за иднината на државата се работи.

Време е да се стават теснопартиските интереси на страна и да се поддржат измените во Законот за средно образование, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.