Најзначајно од сѐ, е тоа што сторителите на ова тешко дело се обвинети врз основа на неспорни и цврсти докази во законита постапка, вели републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески во интервју за „Дојче веле“.

Повторената постапка со утврдување на сите релевантни факти за делото на обвинетите и нивната кривична одговорност ги отстрануваат сомнежите дека се работи за монтиран процес. Обвинителството е гарант за законитоста во кривичното право и не може да премине преку случаи во кои постои сомневање во делот на утврдените факти и правилна примена на правото. Имајте предвид дека јавните обвинители, имаат обврска, не само да ги гонат сторителите на кривичните дела, туку и да ги гарантираат правата на сите странки во постапката, да бараат и изведуваат докази кои се против, но и оние кои одат во прилог на осомничените. Притоа, како што можеше да се забележи и од завршните зборови на јавните обвинители, на рочиштето кое беше јавно, обвинителството изнесе фактичка состојба која е поинаква од изложеното во укинатата пресуда и поинаква кривична одговорност на обвинетите, вели Јовески.

Целото интервју овде.