Тони Бојковски, претседател на ОК Гази Баба на ВМРО-ДПМНЕ беше прашан за односот со Сашо Коцевски, поранешен претседател на МК Железара. Бојковски објасни дека Коцевски бил разрешен бидејќи барал пари за вработувања.

Коцевски е вработен во Собранието и беше сведок на Обвинителството. Тој во своето претходно сведочење го толкувал Деловникот и тврдеше дека Вељановски намерно му дал збор на Ибраими и оти требало да се прифати предлогот на Оливер Спасовски да се прејде на следна точка.