Видеото на Пресинг Тв од Собрание кога се расправаше за загадениот воздух, а градоначалникот на Скопје си играше игрици на мобилниот телефон е најчитана и најгледана содржина во 2018-та на нашиот медиум.

Видеото предизвика бурни реакции од јавноста. Ниту Петре Шилегов не остана рамнодушен и им се извинуваше на граѓаните со образложение дека  тоа бил неговиот однос кон пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Меѓу петте најчитани текстови е и тајната средба во Струмица меѓу градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и екс министерот Никола Тодоров од една и премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице, од друга страна.

Интервјуто со професорката од Правниот факултет , Гордана Силјановска Давкова во кое зборува за референдумот и уставните измени е во топ пет најгледани и најкоментирани.

Во најгледаниете интервјуа на Пресинг Тв е и она со професорот Димитар Апасиев, кој беше гостин во нашето студио десетина дена пред одржувањето на реферндумот и кој тогаш прогнозираше дека нема да излезат ниту 500 илјади граѓани на 30 септември.

Исто така големо внимание во јавноста предизвика и ставот на ЕУ во врска со бегството на порнешниот премиер Никола Груевски. Првата реакција од официјален Брисел дека Унијата не сака да се меша во овој случај, во 2018-та беше меѓу најкоментираните и најсподелуваните.