Франција и Германија ги урнаа надежите на земјите од Западен Балкан дека можат да се надеваат на членство во Европската униа во скоро време, констатираат повеќе западни медиуми, како „Фајненшел тајсм“ и британски „Експрес“.
Лидерите на двете земји – француксиот претседател Емануел Макрон и германската кацеларка Ангела Меркел на самитот со балканските лидери во Берлин на земјите со кандидатски статус (Албанбија, Македонја, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово) јасно кажаа дека за сега нема да има проширување со нови членки, туку најнапред сите ќе мора да ја завршат домашната задача.
Во фокусот не се само реформите, туку решевањето на српско-косовскиот јазол. Со други зборови – се бара форма или решние на двете каузи за големи држави – великосрпската и великоалбанската, при што, иако зад затворени врати, се повеќе се зборува и се прифаќа идејата за „размена на територии“. Можно е таа идеја наскоро да се прошири и со „размена на население“ , со што Балканот се враќа назад најмалку 25 години кога во оптек беа вакви предлози за да се избегне крвав распад на поранешната југословенска федереација.
Од Западен Балкан Макрон и Меркел побараа „политичка стабилност“, која во моментов ја нема во ниту една од земјите, за да можат да влезат во ЕУ.
Макрон рече: Ние ќе работиме заедно врз стабилноста во регионот. Од 2000. ние се повлековме од регионот, но сега ние сакаме да работиме заедно“.
Меркел, пак, изјави дека таа се надева оти средбата ќе придонесе да се реши проблемот меѓу Србија и Косово, но по средбата е констатирано дека Приштина и Белград се уште многу далеку од политичко решение.
Во една ваква констелација изгледа повторно Босна и Херцеговина би била ставена во многу тешка позиција (колатерална штета) за да го зачува територијалниот интегритет.
Тоа што германско-француската иницијатива сега го нуди на маса (морковот) не е проширување, односно членство, констатира „Експрес“, туку „помош за социјални, економскаи безбедносни и рефроми на судствотот“.
Ако се анализира речникот на Макрон, тогаш може да се разбере дека морковот на ЕУ е најдобар, иако за сега е многу далеку, и затоа е подобро Западниот Балкан да го одбијат морковот што им го даваат Русија или Турција.
Интересно, за Кина и нејзините моркови – ништо.
Лани, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер повика на единство од ЕУ кон Западен Балкан, и притоа истакна дека „ако ние не сме единствени кон нашето соседство, тогаш други ќе ја утврдуваат неговата иднина“.
И токму заради другите и сегашниот зголемен франко-германски интерес за Балканот.
Comments are closed for this post.