Уште еден нов смртен случај од морбили.  Тринесетмесечно дете од Свети Николе вчера попладне починало од компликации предизвикани од морбили на Клиниката за детски болести во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Детето и предходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од компликации предизвикани од морбили.

Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација.

Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење, се вели во соопштението од Министерството за здравство.