Опозицијата и денеска со критики до министерството за култура околу распределбата на средствата од годишната програма. ВМРО-ДПМНЕ предупредува на можен сериозен криминал со буџетските средства. Партијата посочува како здруженија кои биле формирани непосредно пред доделувањето на буџетските пари, добиле средства за реализација на културни настани. Повторно го повикаа министерот Адеми да поднесе оставка.

Медиумите веќе објавија дека фирмата „Меденица“ ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, од министерството за култура доби неверојатни 1,7 милиони денари. Фирмата „Меденица“ ДООЕЛ увоз – извоз Скопје била формирана на 27-ми  септември, неколку дена пред да биде распишан конкурсот на министерството. Само овој податокот е доволен за основан сомнеж за манипулација со буџетските средства. Дали е точно дека лани во август само еден месец пред да биде објавен конкурсот формирано е и здружението „Оп-лека“ од Тетово кое за манифестацијата „Тетово пее“ доби 100 илјади денари? Дали е точно дека „Елите евентс“ од Тетово доби 400 илјади денари, но ваква фирма или здружение не може да се најде во Централниот регистар? Дали е точно дека „Зери Дарданис“ од Тетово кое доби 100 илјади денари од министерството е формирано во мај месец минатата година, четири месеци пред распишувањето на конкурсот? Колку за пример на Националната установа Турски театар – Скопје и е одобрен само еден единствен проект, рече на денешната прес-кнференција Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ.