Се погласно се размислува во Србија невакцинираните кои одбиваат да се вакцинираат самите да си го плаќаат лекувањето од ковид 19.

Ваквата можност ја најави претседателот Александар Вучиќ во средата, најавувајќи дека добил таков предлог од голем број лекари, а вчера и министерот за здравство, Златибор Лончар, го поддржа предлогот на колегите лекари, оценувајќи го како „сосема логичен“.

За ова уште не е донесена одлука, и Вучиќ засега не прифаќа воведување вакви правила, но признава дека се поочигледно е дека државата ќе мора да реагира на некој начин за да се спречи ширењето на вирусот. Иако вакцините се достапни со месеци наназад и граѓаните дури може и да се изберат, скоро 51 процент од возрасните во Србија не се се уште вакцинирани, а ако се се смета вкупното население, дури 62 проценти немаат примено вакцина.

Добив многу предлози од лекарите луѓето кои не се вакцинирани, а имаат можност да ја примат вакцината, да им се наплаѓаат трошоците за лекување на корона вирусот, рече Вучиќ.

Јас не сум за тоа. Можеби не е директно кршење на Уставот, но е кршење на еднаквоста. Но, ќе мора да сториме нешто за да ја потиснеме таквата доза на неодговорност и несериозност. Како и што, сè уште не знам, но не можам да го поддржам ова во моментов.

Индивидуалните трошоци за лекување, како што рече претседателот, изнесуваат и до 100.000 евра. Граѓаните сметаат дека тоа е покриено со здравствено осигурување, а всушност, годишната исплата е од околу 500 до 600 евра во фондот за осигурување.

Министерот Лончар смета дека е сосема логично барањето на лекарите невакцинираните граѓани да плаќаат дел од трошоците за лекување на коронавирусот, бидејќи има доволно вакцини, и тие можат да изберат која ќе ја користат.

Таквото барање немаше да има смисла доколку државата не обезбедеше доволно вакцини за сите граѓани. Здравствените работници со право го сугерираат ова, бидејќи има луѓе кои не веруваат ниту во ковид, ниту во вакцината, а кога ќе се разболат знаат дека државата ќе плати за сè. Тие ниту се придржуваат до мерките, ниту се вакцинирани, па ќе дојдат во болница и очекуваат државата да покрие сè, вели Лончар.

Делта сојот, предупредува Лончар, е многу позаразен од оригиналниот, што ја зголемува опасноста четвртиот бран на ковид 19 да се шири многу побрзо кај толку голема маса невакцинирани лица.