идерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, смета дека Бугарија во преговорите со Македонија тактизира по примерот на Грција.

Бугарија го користи Договорот како оружје, дека ние истиот не го почитуваме. Главната цел на Бугарија е по примерот на Грција, да ги исечат корените. Оттаму, историјата е поголемо оружје и од атомската бомба. Погубна политика е да се разговара за јазик и историја. Никој во оваа земја не сака промена на уставното име, но во тој момент немаше подобро решение во поглед на Грција, а сега ЕУ сака да наметне притисок да се најде компромис со Бугарија. Нашата страна прави грешка, тргнувајќи од толкување на заедничка историја. Тие тези се неприфатливи, и потребен е консензус за да се оттргнат ваквите тези – истакна Трајанов на Канал 5.